Оваа се екипите кои влегоа во четвртфиналето на „Стрит баскет Струмица 2014’’

„Селект’’, „Штурци’’, „Жанина’’, „Мед и млеко’’, „ФМП’’, „Харибо’’, „Фер плеј’’и „Босилово’’ се екипи кои утре од 18 часот ќе се натпреваруваат во четвртфиналниот дел од турнирот „Стрит баскет Струмица’’ во дворот на гимназијата „Јане Сандански’’.

Утревечер ќе се одржи и финалето, а најдобрите три екипи ќе бидат наградени со 15.000, 8.000 и 4.000 денари. Традиционално ќе се прогласи и најдобриот играч на турнирот, а планирани се и подароци и за публиката.

Comments are closed.