КУРСЕВИ ЗА УЧЕНИЦИ ОД 1-ВО ДО 9-ТО ОДДЕЛЕНИЕ! – ЦСЈ ЛИНГВА НОВА

РОДИТЕЛИ, ПОВЕЛЕТЕ! ПРИЈАВЕТЕ ГИ ВАШИТЕ ОСНОВЦИ НА ЈАЗИЧЕН КУРС ВО ЛИНГВА НОВА!

ПРВООДДЕЛЕНЦИ, Ви посакуваме успешен почеток на Вашето образование! Да станете вредни ученици, кои лесно ќе ги совладуваат училишните обврски и ќе нижат успеси во учењето сите наредни години од своето образование.

Родители, запишете ги во Лингва НОВА Вашите првоодделенци на курс по англиски или германски јазик. Колку порано го започнете овој процес на учење странски јазици, толку порано учениците ќе го присвојат тој јазик на рамнина на мајчин јазик и можните проблеми во погорните одделенија со овој јазик ќе бидат минимални или воопшто ќе ги нема. И секако, петката ќе биде заслужена и загарантирана!

ОСНОВЦИ, ако сакате да го подобрите знаењето на некој странски јазик кој го учите во училиштето или пак сте одлични во неговото познавање, но сакате да се надоградите и подготвите за средното образование, дојдете во Лингва НОВА заедно да учиме или надоградуваме, со секого според неговите потреби!

Родители, странскиот јазик се учи континуирано и постепено преку сите години од образовниот процес. Поради тоа треба постојана грижа и работа со вашите основци да го усвојат предвидениот материјал за секое одделение. Лингва НОВА е тука да ги задоволи сите потреби на Вашите основци. Покрај нашата наставна програма прилагодена на возраста и знаењето на ученикот, ние на основците им помагаме и при нејасни домашни работи, подготовка за тестови од училиштето, подготовка за екстерното тестирање итн. Едноставно препуштете ја грижата за образованието на Вашите деца по странските јазици на искусните професори од Лингва НОВА.

Центар за странски јазици ЛИНГВА НОВА

 раб.вр. 08.00 – 20.00 (понеделник-петок) 09.00 – 16.00 (сабота)

тел. 034/ 323-771 , 070/ 394-544 лок. НАРОДНА ТЕХНИКА         

Comments are closed.