Започна натпреварот во улична кошарка

Во дворот на гимназијата „Јане Сандански’’ од вечерва започна турнирот во кошарка „Стрит баскет 2014’’.

Натпреварот се одржува четврти пат во организација на општина Струмица и Младинскиот совет, а на него се натреваруваат 19 екипи составени од рекреативци и љубители на овој спорт.

Турнирот трае до 8 септември, а најдобрите три екипи ќе бидат наградени со 15.000, 8.000 и 4.000 денари. Покрај тоа ќе се доделат награди за публиката и илјади денари за најдобриот играч на турнорот.

Comments are closed.