Учествувајте на планинарски марш по повод одбележувањето на илјада години од Беласичката битка

Општина Струмица и ПАОК „Ентузијаст’’ Струмица организираат планинарски марш Струмица – с.Водоча по повод одбележување на 1000 години од Битката на Беласица. Планинарската маршута за љубителите на природата ќе се одржи на 14 септември (недела) и тоа:

Недела 14.09.2014 година:

10:00 часот, поаѓање на учесниците од Ловен дом, Струмица

10:00 – 15:00 часот, планинарска маршута бр.2: Ловен дом, Струмица – Манастир Св.Илија-  Чамчафлик–с.Попчево(спојување со учесници од Маршута бр.1 во 13:30  часот) – Брана Водоча – с.Водоча.

15:00 – 16:00 часот, пристигнување на учесниците во с.Водоча

16:00 – 16:15 часот, обраќање на Градоначалникот на општина Струмица, г-динЗоран Заев и  доделување на благодарници за учество на планинарски друштва

16:15 – 17:00 часот, дружење

17:00 часот, враќање с.Водоча – Струмица со автобус

Напомена: Од организорот е обезбеден автобуски превоз с.Водоча – Струмица. Секој учесник доаѓа на сопствена одговорност и лично одговара за сопствената психофизичка кондиција. Пријавување со име и презиме до 10.09.2014 година и тоа: Општина Струмица, Одделение за ЛЕР – Контакт лице: Софче Јанева 076 483 157 ( sofche.janeva@strumica.gov.mk) или ПАОК Ентузијаст Струмица – Контакт лицe: Душко Ќосев 077 984 499.

Comments are closed.