КУРСЕВИ ЗА ДЕЦА ОД ПРЕДУЧИЛИШНА ВОЗРАСТ (4-5 ГОД.) – ЦСЈ ЛИНГВА НОВА

КУРСЕВИ ЗА ДЕЦА ОД ПРЕДУЧИЛИШНА ВОЗРАСТ (4-5 ГОД.)

УЧЕЊЕ СТРАНСКИ ЈАЗИЦИ ПРЕКУ  ЗАБАВА И ИГРА!  – ЦСЈ ЛИНГВА НОВА

ПОЧИТУВАНИ РОДИТЕЛИ, ЦСЈ Лингва НОВА Ви ги препорачува своите јазични курсеви за деца од предучилишна возраст.
За Вашите деца од 4-5 годишна возраст без разлика дали посетуваат градинка или не, Ви нудиме курс исполнет со дружење односно, социјализација на Вашите деца, постепено стекнување на училишни навики и подготовка за образовниот процес кој следува и секако учење на странски јазик преку интересни и забавни методи кои не ги оптоваруваат, туку преку кои несвесно ја усвојуваат наставната програма. Нашето искуство покажа дека децата со нетрпение го очекуваат секој нареден час. Уверете се и Вие!

Колку порано го започнете овој процес на учење странски јазик, толку порано децата ќе го присвојат тој јазик на рамнина на мајчиниот јазик и ќе се здобијат со правилен изговор и акцент. Подоцна кога ќе го започнат основното образование веќе ќе имаат основа врз која ќе го надоградуваат знаењето, лесно ќе ги совладуваат училишните обврски и секако, петката ќе им биде заслужена и загарантирана!

РОДИТЕЛИ, ПОВЕЛЕТЕ, ИНФОРМИРАЈТЕ СЕ И  ПРИЈАВЕТЕ ГИ ВАШИТЕ ДЕЧИЊА!

Центар за странски јазици ЛИНГВА НОВА

раб.вр. 08.00 – 20.00 (понеделник-петок) 09.00 – 16.00 (сабота)

тел. 034/ 323-771 , 070/ 394-544

лок. НАРОДНА ТЕХНИКА

Comments are closed.