Нови столчиња за „Мобилност“ проект поддржан од општина Струмица

Здружението на лица со телесен инвалидитет „Мобилност“ почна со реализацијата на проектот финансиски поддржан од општина Струмица. Според Мери Туџарова, секретар на задружението, во рамките на проектот се набавени нови столчиња во канцеларијата со што се подобрени условите за работа на членовите на ова здружение.

-Како прва планирана и воедно реализирана активност на нашето здружение во рамките на овој проект е набавката на столчињата со што се заменети постоечките и веќе дотраени столчиња. Како втора наша активност ќе биде набавката на спортски реквизити кои ќе бидат наменети за организирање на тренинзи на нашите сегашни и идни спортисти со што ќе им се овозможи поквалитетен настап на спортските игри  на кои што настапуваат нашите членови на републичко и меѓународно ниво, а во организација на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет „Мобилност“, изјави Туџарова.

Овој проект е во програмата за социјална заштита и е поддржан со 45 илјади денари од буџетот на општина Струмица.

Comments are closed.