Нови прозорци во средното училиште „Никола Карев“

Во средното општинско училште „Никола Карев“ деновиве се вадат старите и се поставуваат нови прозорци. Од училиштето информираат дека ќе бидат поставени вкупно 63 нови прозорци, а овој зафат се реализира со сопствени средства. Со новите прозорци учениците и наставниците добиваат подобри услови за реализација на воспитно – образовниот процес.

Comments are closed.