Вечерва е ждребката за натпреварите на „Стрит баскет Струмица’’

На овогодишниот турнир „Стрит баскет Струмица“ пријавени се 19 екипи кои ќе бидат поделени во 4 групи (3 групи со по 5 екипи и 1 група со 4 екипи). Ждрепката ќе се одржи вечер во Lounge Bar „Que Pasa” од 20 часот каде што од секоја екипа ќе има еден претставник.

Натпреварите ќе се играат во дворот на гимназијата „Јане Сандански“ , а ќе започнат од утре (петок) во 18:30 часот и ќе траат до недела. За време на целиот турнир, ќе бидат доделени награди за публиката, а нема да изостанува ниту музичко-забавниот дел.

Инаку, годинава паричниот фонд изнесува 15.000 денари за прво место, 8.000 денари за второ место и 4.000 денари за трето место. Покрај тоа е предвидена и парична награда од 1.000 денари за најдобриот играч на турнирот.

Comments are closed.