Во август решени 130 проблеми на граѓаните преку „Систем 48“

До општинскиот сервис „Систем 48“ во текот на месец август,  биле доставени вкупно 158 пријави од граѓаните на општина Струмица. Од нив решени се 130, а останатите 28 пријави се во процес на решавање, бидејќи за истите е потребно повеќе време од 48 часа, вообичаено време за постапување по пријавите.

Најголем број од пријавите доставени до општинскиот сервис „Систем 48“ во месец август 2014 година, се од областа на улично осветлување 87, од областа на собирање смет 32, водовод и канализација 21 и од областа на општинските инспекциски служби 6.

Од „Систем 48“ апелираат до граѓаните за навремено пријавување на проблемите  на бесплатниот телефонски број 080014848, за да може веднаш да се интервенира и да се решаваат проблемите, а со тоа би се спречиле и недоразбирањата во однос на временскиот рок кога е пријавено и кога точно треба да се интервенира.

Од „Систем 48“ им се заблагодаруваат на  сите граѓани на општина Струмица за користењето на услугите на овој општински сервис.

Comments are closed.