Планинарски марш по повод 1000 години од Битката на Беласица за граѓаните љубители на пешачењето

Општина Струмица и ПАОК Ентузијаст Струмица Ве покануваат да учествувате на планинарски марш(Маршута бр.2)Струмица – с.Водоча по повод одбележување на 1000 години од Битката на Беласица. Планинарската маршута бр.2 ќе се одржи на ден 14 септември 2014 год.(недела) и тоа:

Недела 14.09.2014 година:

10:00 часот Поаѓање на учесниците од Ловен дом, Струмица

10:00 – 15:00 часот Планинарска маршута бр.2: Ловен дом, Струмица – Манастир Св.Илија-  Чамчафлик–с.Попчево(спојување со учесници од Маршута бр.1 во 13:30  часот) – Брана Водоча – с.Водоча.

15:00 – 16:00 часот Пристигнување на учесниците во с.Водоча

16:00 – 16:15 часот Обраќање на Градоначалникот на општина Струмица, Г-дин Зоран Заев и  доделување на Благодарници за учество на планинарски друштва

16:15 – 17:00 часот Дружење

17:00 часот  Враќање с.Водоча – Струмица со автобус

Напомена: Од организорот е обезбеден автобуски превоз с.Водоча – Струмица. Секој учесник доаѓа на сопствена одговорност и лично одговара за сопствената психофизичка кондиција.

Пријавување со име и презиме до 10.09.2014 година и тоа: Општина Струмица, Одделение за ЛЕР –

Контакт лице: Софче Јанева 076 483 157 ( sofche.janeva@strumica.gov.mk) или ПАОК Ентузијаст Струмица – Контакт лицe: Душко Ќосев 077 984 499.

Comments are closed.