ПСУ ,,Јахја Кемал“ со многу многу активности за учениците од целиот град

Годинава првото приватно средно училиште во Струмица започна со 38 нови ученици. „Јахја Кемал“ летово имаше повеќе од триста апликации од полуматуранти, од кои успеаја да влезат само 38, меѓу кои половина се од Струмица, додека другата половина од целиот југоисточен регион. Вкупно на наука и бизнис, двете струки понудени во „Јахја Кемал“, во моментот учат околу 160 ученици.

Како новост годинава од „Јахја Кемал“ ни рекоа дека ќе направат простор за активности на најмладите, децата кои одат во струмичките градинки и ќе организираат натпревари за сите возрасти, почнувајќи токму од најмладите.

Исто така, ќе се доопремат и игралиштата за различни турнири помеѓу средните и основните школи во Струмица, а како главен проект е планиран „саем на наука“ помеѓу струмичките училишта кој би се одржал на градскиот плоштад и таму сите училишта ќе имаат свој штанд со нивен производ.

Comments are closed.