Убедлива победа за Беласица, минимална гостинска победа за Тиверија

Фудбалерите на Беласица во второто коло од 3. МФЛ Исток убедливо славеа на домашен терен против екипата на Каменица Саса.

Со оваа убедлива победа фудбалерите на Беласица од 5тото место се искачија на втората позиција.
Во следното коло фудбалерите на Беласица гостуваат кај 14 Октомври 1946.

Тиверија на гостински терен забележа минимална победа од 0:1 против Работник Џумајлија, со што ги освој првите три бодови и сега се наоѓа на 7то место. Тиверија следното коло го игра на домашен терен против екипата на Осогово.

Плачковица лидерското место го дели со Беласица кои имаат по 6 бодови, додека пак на дното од табелата се наоѓаат 14 Октомври 1946 и Работник Џумајлија кои се уште немаат осовено бодови.

Автор: Александар Ванев

Comments are closed.