Европската кошаркарска федерација и додели признание на општина Струмица

Заврши Европското првенство во кошарка за кадети Б дивизија. Општина Струмица по четврти пат беше домаќин и за добрата организација на ова, но и на претходните  натпревари, доби специјално признание од Европската кошаркарска федерација.

Признанието му беше врачено на секретарот на општина Струмица, Кирил Парталов, на затворањето на првенството. На Европското првенство учествуваа вкупно 22 репрезентации, а победник е селекцијата на Црна Гора, која заедно со Израел, Чешка и Англија обезбедија пласман во А дивизијата.

Comments are closed.