Баскет Академија Струмица започна со упис на нови кошаркари и кошаркарки

Баскет Академија Струмица започна со упис на нови кошаркари и кошаркарки почнувајќи од 6 па до 16 години. Со ова официјално започнува кампањата за уписи на нови членови која постојано ќе се надоградува со нови активности.

Со членовите ќе работат тренерите од БАС, на чело со Петар Настев, Атанас Цикарски, Илија Христов, Васко Атанасов, Павле Узунов и Александар Стоилков кои ќе овозможат на дечињата да навлезат во тајните на кошаркарската игра.
Повеќе информации во врска со уписите може да добиете на телефонските броеви: 077/724-175; 070/315-445, на веб страната: www.bas.com.mk или на фејсбук страницата: www.facebook.com/BasketAcademyStrumica

Comments are closed.