Официјално: Пандев две години во Галатасарај

Нашиот најдобар фудбалер Горан Пандев во наредните две години ќе го носи дресот на турскиот гигант Галатасарај.

„Чест ми е што ќе играм во овој голем клуб и ќе имам можност да играм во Лигата на Шампионите“ изјави Пандев по потпишувањето на договорот.

Иако имаше можност за заминување во Англија и Франција како и останување во Италија, сепак, на крај одлучи да замине во Турција бидејќи како што вели Галатасарај за него е нов предизвик.

Освен Горан Пандев, официјално во Галатасарај заминува и Џемаили.

 

извор: http://akademijapandev.mk/

Comments are closed.