Во сообраќајка загина млад струмичанец

Утрово околу 07,30 часот на локалниот пат с. Ново Село – Мокриево, на влез во с. Мокриево, струмичко, се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило “опел вектра” со струмички регистарски ознаки излетало од патот и на лице место починал Горан П.(31) од с. Ново село, струмичко. Со тешки телесни повреди се здобил неговиот сопатник З.П.(31) од истото село, по укажана лекарска помош во Медицински центар Струмица истиот е задржан за понатамошно лекување.

Comments are closed.