Во понеделник почнува новата учебна година

Во понеделник започнува новата учебна 2014/2015 година. Првоодделенците првиот училишен ден во девет часот во сите училишта во Општина Струмица ќе бидат прифатени од своите наставници. По завршувањето на часот, ќе се одржа свечена програма во десет часот во домот на АРМ. Останатите ученици првиот школски ден ќе го започнат во две смени, првата со почеток во 7:30, а втората во 13:30 часот. Општина Струмица на наставниците им посакува успешна учебна година, а на учениците многу знаења, успех и другарувања.

Comments are closed.