Во паркот преку игра се презентираше Хелен Дорон методот

Денеска во градскиот парк се одржа бесплатен едукативен демо–час на кој се презентираше програмата на новиот детски центар за англиски јазик „Хелен Дорон“. На часот се едуцираа родителите со објаснувања од страна на учителките, додека децата имаа час на кој преку песна учеа зборови и фрази на англиски преку играње и пеење.

Хелен Дорон методот за учење е базиран на соодветен пристап, кој им овозможува на децата да уживаат во наставата и воедно да ги развиваат своите комуникациски и интелектуални способности. Учениците кои го практикуваат овој метод почнуваат да го разбираат и зборуваат англискиот јазик со радост и леснотија.

Comments are closed.