Струмичките училишта спремни за новата учебна година

„Сите основни и средни училишта во општина Струмица се подготвени за изведување на воспитно – образовниот прoцес. Училиштата летото го искористија за материјално, техничко и организациско подготвување“, денеска изјави Јоже Христов, претседател на Советот на општина Струмица. Христов додаде дека сите училишта летово биле под реконструкција. Како позначајни ги наброја: посебната просторија во СОУ „Јане Сандански“ каде што дефектологот ќе може да работи со ученици со посебни потреби, како и во училиштето „Димитар Влахов“ каде што има нови столчиња, а во „Никола Карев“ се сменети прозорите, како е и потсредена салата. Во училиштето „Кирил и Методиј“ извршана е санација на фасадата, поплочени влезовите а комплетно е среден и внатрешниот дел од училиштето.

„Заклучно со денешниот ден во сите училишта во општина Струмица извршена дезинфекција дезинсекција и дератизација и сите ќе започнат со работа во понеделник. На сите ученици и наставниот кадар им ја честитам новата учебна година“, рече Христов.

Годинава ќе ја почнат 8109 ученици од кои 4479 во основното и 3630 во средното образование.

Comments are closed.