Се одржа седумнаесетата седница на Советот на град Струмица.

Денеска во домот на АРМ се одржа седумнаесетата седница на Советот на општина Струмица. На дневен ред се најдоа седум точки: јавната безбедност и безбедноста во сообраќајот на патиштата на општина Струмица во изминатите седум месеци, донесување на детален урбанистички план за блок 18, УЕ2 и блок 35.

Исто така ќе биде предложена и планска документација на трасата на сообраќајната инфраструктура, како и одлука за отпис и расходување на автобусите. Како крајна точка на дневниот ред е разгледување на барањето на градинката „Детска радост“ за прифаќање поголеми деца во клоновите на истата.
„Сите точки беа едногласно освоени и немаше некоја расправа околу нив. Седницата заврши за пократок временски период од планираното“, изјави претседателот на Советот, Јоже Христов.

Comments are closed.