ФОТО: Прославување Пресвета Богодорица во Струмица

Православните христијани денеска го слават еден од најзначајните верски празници Успение на Пресвета Богородица – Голема Богодорица. Во Струмица празникот се слави најпрво со традиционална молитва, која годинава освен во храмот Свети Петнаесет тивериополски маченици се одбележа и во Св. Димитрија. Градоначалникот Заев беше присутен и во двете цркви по што на крај со останатите верници тие присуствуваа и на празничен, посен ручек кој е карактеристичен за одбележување на овој голем христијански празник.

Успение на Пресвета Богородица се слави на петнаесетиот ден од месец август (28 според новиот календар). Нему му претходи двонеделен Богородичен, или Преображенски пост. Овој празник го слави успението, воскресението и прославувањето на Пресвета Богородица, и нејзиното преселување во Царството Божјо во полнотата на нејзиното духовно и телесно постоење.

Comments are closed.