Турново ремизираше со лидерот Вардар

Турново во рамките од 5-тото коло во првата македонска фудбалска лига гостуваше кај лидерот Вардар, каде ремизираше со резултат 0:0.На натпреварот Најденов заработи црвен картон во 90 минута. Турновци на овој тежок дуел обезбедија бод, со што се искачија едно место погоре на табелата.
Турново сега се наоѓа на 8-та позиција со 4 бодови. Во следното коло Турново на домашен терен го пречекува последно пласираниот Тетекс кој има 2 бодови.
Вардар и понатаму останува лидер на табелата, но лидерското место го дели со Металург и Силекс кои што исто така имаат по 11 бодови. На дното од табелата останува Тетекс со 2 бодови, а едно место погоре односно на 9 место е Брегалница со 3 бодови.
По одиграните 5 кола, Турново има гол разлика од 4 постигнати и 9 примени погодоци.

Автор: Александар Ванев

Comments are closed.