Репортерите во Струмица пееја за солидарност за слобода

Синоќа во амфитеатарот во градскиот парк The Reporters, првиот бенд во светот составен само од новинари го одржа својот прв концерт во амфитеатарот во Струмица како дел од турнејата за промоција на нивното музичко ЦД.

Албумот „Солидарност за слобода“ содржи седум рок – песни, а а парите од продажбата на цедето и од концертите ќе бидат наменети за солидарниот фонд, кој веќе го формира новинарскиот синдикат ССНМ и кој ќе се користи за помош на новинарите и на медиумските работници во неволја. На концертот во амфитеатарот како гости беа поканети неколку постари струмички новинари, како и градоначалникот Зоран Заев.

Бендот како проект е поддржан од Амбасадата на САД и постои од 2008, и ова им беше прв настап во Струмица. „The Reporters“ се: Жарко Димитриоски (соло гитара), Драган Антоновски (ритам гитара), Борјан Јовановски (тапани), Миле Бошњаковски (бас гитара), Стојан Трпчевски (вокал и клавијатури) како и Петрит Сарачини (вокал).

Comments are closed.