Вечерва во Струмица концерт на првиот новинарски музички бенд на Балканот

The Reporters ја продолжуваат турнејата во оваа 2014, за промоција на првото новинарско музичко ЦД. Првиот новинарски музички бенд на Балканот ќе има свое гостување во Струмица. Настапот е закажан за вечерва ( 27.08.2014,среда) во амфитеатарот.

Бендот е формиран за концерт во организација на Амбасадата на САД во Скопје во 2008 година во чест на новинарот Даниел Перл, кој беше убиен во Пакистан во 2002 година, а кој беше познат по неговата љубов кон музиката, играта и поддршката на музичари. Од тогаш, Репортери почнаа да делуваат редовно. Покрај неколкуте настапи во чест на Даниел Перл, бендот го напиша и првиот сингл со наслов “Слобода”.

Во рамките на заедничката акција “Солидарност за слобода”, заедно со синдикатот на новинари ССНМ и Здружението на новинари на ЗНМ, бендот го заврши снимањето на својот прв албум, а ја започнаа и турнејата низ градовите во Македонија. Преку нивната музика, тие настојуваат да се промовира слободата на изразување и солидарноста меѓу новинарите.

Средствата собрани од продажбата на ЦД-а, сувенирите и солидарните кутии, ќе бидат донирани во „солидарен фонд“, кој е веќе креиран и раководен од ССНМ  и ќе се користи за поддршка на новинари на кои им е потребна помош и се во неволја.

Инаку бендот е составен од: Петрит Сарачини – вокали, Борјан Јовановски – тапани, Миле Бошњаковски – бас, Стојан Трпчевски – клавијатури, Жарко Димитриоски – гитара, Драган Антоновски – гитара

Comments are closed.