И оваа година Стрит Баскет турнир во Струмица

Веќе четврта година по ред општина Струмица и Младинскиот Совет организираат турнир во стрит баскет „STREET BASKET- STRUMICA 2014″ кој ќе се одржи на градскиот плоштад „Гоце Делчев“ во Струмица.

0д 5 па до 7 Септември со почеток од 19:00 часот па до полноќ, се деновите кога сите љубители на кошарката ќе се соберат на едно место, на едно заедничко дружење, забавување и натпреварување, а воедно ќе бидат и обезбедени награди за натпреварувачите, награди за публиката и безброј интересни активности во рамките на турнирот.

Годинава паричниот фонд изнесува 15.000 илјади денари за прво место, 8.000 илјади денари за второ место и 4.000 илјади денари за трето место. Покрај тоа е предвидена и парична награда од 1.000 илјада денари за најдобриот играч на турнирот.

Учество на турнирот може да земат сите рекреативци и љубители на кошарката, а пријавувањето на екипата е бесплатно и истатa треба да брои 3+1 играчи кои што немаат право да се менуваат во текот на целиот турнир. Пријавување трае до 3 септември (среда) до 24:00ч, а ждрепката за турнирот ќе се одржи на 4 септември (четврток) во 20:00ч.

Она што не е дозволено е пријавување на играчи кои се професионални кошаркари и настапуваат во првата или втората македонска кошаркарска лига и со договор се врзани за професионална екипа.

Повеќе информации и пријавување на тел.броеви: 075/296-400; 075/495-003 и 075/216-225 и на официјалниот меил: stritbasketstrumica@gmail.com

Comments are closed.