Градоначалникот пред граѓаните ја откри физибилити студијата за Панорамскиот трамвај

Денеска во домот на АРМ се одржа промоција на физибилити студијата за изградба на Панорамската трамвајска линија „Цареви кули“. На промоцијата свои ставови даваа градоначалникот на Струмица, Зоран Заев, советниците, како и претставници на приватниот сектор, обични граѓани но и претставници од проектантскиот тим од Градежен факултет при Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј‘‘ во Скопје.

„Од она што го воочивме во физибилити студијата, прва таква студија за транспортен систем, сметаме дека резултатите од овој проект ќе допринесат на туризмот во Струмица, и воопшто на посетеноста на регионот од туристи“, рече Зоран Кракутовски, професор на Градежен факулет во Скопје.

Заев ги повика граѓаните да се вклучат во дебатата за овој проект и да ја испратат својата порака до одлучувачите за овој проект за нивниот глас да биде слушнат и додаде дека во наредните дваесетина дена ќе се повикаат сите донатори во Македонија.

„Лично како градоначалник ова е едно од моите ветувања пред граѓаните на Струмица на последните локални избори. Би сакал да се заблагодарам на професорот кој заедно со тимот работеа на студијата со љубов“, додаде Заев.

Comments are closed.