Беласица со минимална победа, Тиверија со пораз во првото коло во 3. МФЛ Исток

Фудбалерите на Беласица на домашен терен со минимална победа од 1:0 го совладаа Напредок З. Радово, во првото коло од новата сезона во 3. МФЛ Исток.
Тиверија која исто така играше на домашен терен беше совладата со резултат од 1:2 од Брегалница Голак.
Беласица во следното коло на гостински терен силите ќе ги одмери со Каменица Саса, додека пак фудбалерите на Тиверија ќе гостуваат кај Работник Џумајлија во рамките од второ коло.

Автор: Александар Ванев

Comments are closed.