Се крпат ударните дупки во населените места

По завршувањето на акцијата за санирање на ударните дупки по улиците во градот, истата продолжи и во населените места. На две места веќе се закрпени дупките и тоа на главната улица од влезот до центарот на населеното место Добрејци  и на патот Струмица – Просениково од крстосницата кај кванташки пазар до патот за населеното место Сарај. Денеска се вршат подготовки, а утре со асфалт ќе бидат пополнети дупките во центарот и околните улици на населеното место Банско. Акцијата ќе продолжи и во другите населени места каде има потреба од интервенција на улиците.

Comments are closed.