Во петок ќе се одржи седумнаесетата седница на Советот на општина Струмица

На седницата на Советот на општина Струмица во петок, седумнаесетата под ред, ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица во 11 часот. На дневен ред на седницата ќе бидат јавната безбедност и безбедноста во сообраќајот на патиштата на општина Струмица во изминатите седум месеци, донесување на детален урбанистички план за блок 18, УЕ2 и блок 35. Исто така ќе биде предложена и планска документација на трасата на сообраќајната инфраструктура, како и одлука за отпис и расходување на автобусите. Како крајна точка на дневниот ред е разгледување на барањето на градинката „Детска радост“ за прифаќање поголеми деца во клоновите на истата.

Comments are closed.