СРЕДНОШКОЛЦИ, СТУДЕНТИ, ВОЗРАСНИ, ПОВЕЛЕТЕ! ИНФОРМИРАЈТЕ СЕ И ЗАПИШЕТЕ СЕ НА ЈАЗИЧЕН КУРС ВО ЛИНГВА НОВА!

СРЕДНОШКОЛЦИ, Вие се наоѓате на крстопат во Вашиот живот кога треба да го насочите Вашето понатамошно образование, а со тоа на еден начин да ја изберете Вашата идна професија. Познавањето на странските јазици е нужност која се наметнува како за понатамошното образование, така и за Вашето вработување и градење на успешна кариера!

СТУДЕНТИ, Вие со изборот на насоката на Вашите студии на некој начин сте ја избрале вашата идна професија. Сигурно секојдневно се соочувате со потребата и хендикепот од непознавањето на некој странски јазик. За време на студиите, а уште повеќе после нивното завршување дипломата за познавање на некој странски јазик ќе биде клучна при аплицирање и добивање на работно место. Познавањето на странски јазик е основниот услов за вработување кој се бара како надвор од Македонија, така веќе и во речиси секоја фирма во нашата земја.

ВОЗРАСНИ, потребата за познавање на странски јазици не постои само за “помладите”, како што обично знаеме да кажеме, туку новото динамично време вакви потреби ни наметнува и нам возрасните. Дали при вработување или напредување во работата, дали при патување или иселување за живеење во некоја странска земја или во секојдневието ( користење интернет, гледање филмови, слушање музика, комуникација со роднини и пријатели од странство) потребата од познавање на странски јазик е секогаш актуелна. Вашите можности за учење после завршувањето на образованието не се опаднати, ниту ограничени, затоа како што за телото е важна физичката активност, така за умот е важна менталната активност со што умот се одржува млад. Дојдете во Лингва НОВА и ќе Ви докажеме дека секое животно доба е идеално време за учење на странски јазици.

Comments are closed.