Се одржа Струмичко-кукушки координаторски состанок за проектот „Наследство“

Денеска градоначалникот Зоран Заев заедно со координаторите на проектот „Цареви Кули“ беа во обиколка на проектот, а во меѓувреме во домот на АРМ се одржуваше и координативен состанок меѓу странките од македнска и грчка страна. „Локалитетот „Цареви кули“, симболот на Струмица, добива нов лик. Од пролетта тука почнаа градежните активности кој веќе го дефинираат новиот изглед. Активностите се реализираат во рамките на реализација на проектот „Наследство“ финансиран преку европската преку ИПА програмата за прекугранична соработка“ рече Заев и додаде дека вкупната вредност на проектот е 12 милиони и 300 илјади денари и е финансирана од Европската Унија.

Во моментот се градат југо-западниот и јужниот бедем и југо-западната кула, односно сочуваните делови од кулата. Каменот кој се користи за реконструкција е најголем дел од камењата најдени на самиот локалитет, а остатокот се од други места каде што се наоѓа камен со слични карактеристики. Висината на бедемите е околу 13 метри. Околу бедемите се изградени пет градобрани, а ќе се изградат уште четири.

„Плановите на општината е овој локалитет да биде поврзан со панорамски транвај, а наредната година се планира да се изведат решенија за осветлување на тврдината заради потенцирање на објектот размерно на неговото значење“, додаде Заев. Во домот на АРМ се одржа состанок на проектните тимови од Струмица и Кукуш каде што се разговараше за усогласување на динамиката на целиот проект.

„На состанокот се дискутира за досегашните проектни достигнување, за заедничките и индивидуалните проектни активности и резултати, за буџетот како и за информативните и промотивните активности на проектот кои потполно се во согласност со Visibility rules на Европската Унија“, рече координаторот на проектот, Драган Гонев. Гонев додаде дека ќе се направи и веб страна на проектот каде што ќе има информации за се, како и памфлети, флаери и постери. Исто така ќе има и конверзаторски студии за Цареви Кули и за римската бања во Банско.

Comments are closed.