СВР Струмица: Шест тепачки и две сообраќајки со една жртва

Изминатата недела во Струмица и струмичко се забележани 45 прекршоци меѓу кои покарактеристични се кражбата во куќа во изградба, автосервис и гулабарник каде што е пријавена штета од 65.000 денари. За прекршување јавен ред и мир СВР Струмица има интервенирано шест пати од кои сите се физички напади. На патиштата се случија две посериозни несреќи во кои има една жртва и две повредени лица, а е направена материјална штета од 315.000 денари и се извршени две акциски контроли.

Comments are closed.