Прва победа на Турново во новата сезона

Фудбалерите на Турново на домашен терен ја совладаа Брегалница со резултатот од 2:1, а воедно тоа беше и првата победа за Турновци во новата сезона.

Во првиот дел од натпреварот мрежите мируваа. Во вторите 45 минути беа постигнати вкупно три погодоци. Валеровски во 45 минута постигна автогол, со што гостите имаа предност од 0:1. Три минути подоцна Турново го израмни резултатот преку Георгиев кој што исто така беше прецизен и во 85 минута, со што Турново дојде до првата победа во новата сезона.

После 4-тото одиграно коло, на табелата нема некој големи измени, Вардар и понатаму останува на лидерската позиција со 10 бодови, Металург и Силекс го делат второто место со по 8 бодови. На дното од табелата е Тетекс со 2 бодови, а едно место погоре односно на деветото место е Турново со првите 3 освоени бодови.

Во следното коло Турново ќе има тежок натпревар, му гостува на лидерот Вардар.

Автор: Александар Ванев

Comments are closed.