Заврши крпењето на ударните дупки во градот акцијата продолжува во населените места

Со крпењето на дупките на површина од 120 метри квадратни на улиците „Васил Сурчев“, „Јанко Цветинов“, „Маршал Тито“, „Маврово“ и „Светозар Марковиќ“ денеска заврши акцијата за санација на ударните дупки во градот. Согласно програмата за улици и патишта за 2014 година на општина Струмица, во акцијата која почна да се реализира на почетокот од летото се опфатени вкупно 38 улици на кои со асфалт се пополнети дупки на вкупна површина од 570 метри квадратни.

Акцијата за санација на ударните дупки продолжува во населените места Просениково и Добрејци.

Comments are closed.