Основното училиште во Дабиле се подготвува за новата учебна година

Во основните и средните училишта во општина Струмица, традиционално, летниот распуст се користи за изведување на работни активности со кои се подобруваат условите за изведување на наставата. Најголем дел од училиштата веќе ги завршија планираните активности, а во останатите се во тек.

Во општинското основно училиште „Свети Кирил и Методиј“ од населеното место Дабиле, од вчера почна санацијата на фасадата, по што истата ќе биде бојадисана. Бојадисување се врши и во внатрешноста на училиштето, а според најавите на директорот Зоран Христов, во наредните денови ќе се врши поплочување на влезовите во училиштето и санација на оградата во училишниот двор.

По завршувањето на овие работни активности, училиштето во кое наставата ја следат 160 ученици, комплетно ќе биде подготвено за новата учебна година.

 

Comments are closed.