Убедлива победа на македонските кадети врз Норвешка

Македонската кошаркарска репрезентација до 16 години го започна Европското првенство со убедлива победа врз фаворитот Норвешка. Натпреварот се играше во струмичката сала „Парк“, а резултатот беше 77:40. Македонските кадети во текот на целиот натпревар имаа убедливо водство и целосно ја контролираа играта, со што заслужено стигнаа до својата прва победа. Најефикасен во нашата репрезентација беше Виктор Ефремовски со 20 поени, додека Ненад Димитријевиќ имаше 13 асистенции. Следниот натпревар Македонија го игра против Словенија

Comments are closed.