Кошаркарите на прием кај градоначалникот на Струмица

Кошаркарите – репрезентативци на Македонија на тимот до 16 години денеска беа гости во кабинетот на струмичкиот градоначалник Зоран Заев.Градоначалникот им порача успешно првенство и влез во А- дивизијата.

„Горд сум што Струмица е четврти пат под ред домаќин на ова натпреварување. Тоа значи дека сме добри и дека нашиот град ги исполнува сите услови. Сепак, она што најмногу го посакувам е успех на нашите кошаркари“, изјави Заев и им порача на струмичани да бидат присутни и да ги бодрат нашите репрезентативци и да бидат шест играч во екипата.

Натпреварите почнуваат денеска и првиот настап на македонската репрезентација е денеска во 18:45 и влезот е бесплатен.

„Вежбавме 40 дена, мислам дека сме спремни, иако групата ни е многу тешка. Сите наши кошаркари се спремни да го дадат својот максимум и достојно ќе ги бранат боите на нашата земја“, изјави тренерот на репрезентацијата Саша Димитриевиќ.

Кошаркарите се сигурни дека имаат добра генерација, спремни се и се надеваат на најдоброто.

Comments are closed.