Чолиќ на средба со градоначалникот: Со Чолиќ пееја над 80 илјади луѓе

По спектакуларниот настап на „Струмица опен“ фестивал со што го заврши третото издание на истиот, балканската мегаѕвезда Здравко Чолиќ вчера се сретна со градоначалникот Зоран Заев во неговиот кабинет каде разговараа за настанот, публиката, фестивалот како и градот.

„ Во Струмица не сум бил долго време, во овие неколку години откако почна фестивалот, ми беше важно да ме повикате, па еве трета среќа, во третата година и ви благодарам што ме поканивте. Синоќа имаше една убава енергија како кај младите така и кај повозрасните. Бевме сите расположени ни се погоди и времето, не беше многу топло, немаше дожд, што е многу важно кога се работи за фестивал на отворено“ рече Чолиќ.

Завчера Чолиќ на плоштадот собра околу 80.000 илјади фанови од цела Македонија кои со неговите песни се забавуваа цели три часа.

„Чест ми беше да го запознаеме Чолиќ со нашиот град и околина. Синоќа се виде колку е респектиран. Беше покриено од паркот до општината“, изјави Заев и додаде дека се надева дека сите кои инвестираа во фестивалот си ги повратија сретствата и се заблагодари на сите служби и на младите волонтери.

 

 

Comments are closed.