Утре започнува евро-шампионатот во Струмица

Струмица годинава четврти пат под ред е организатор и домаќин на младинското европско кошаркарско првенство. Салите „Парк“ и „Никола Карев“ ќе се домаќини на натпреварите помеѓу 22 репрезентации од цела Европа од кои три ќе влезат во А-дивизијата. Репрезентацијата по подготовките играше и пријателски средби со нивните колеги од другите земји.

Првиот меч нашата репрезентација ќе го игра против Норвешка утре од 18:45 часот, а ќе се сретнат и со Словенија, Израел и Грузија кои се сметаат за фаворити на првенството.

Македонија на Првенството ќе ја претставуваат: Ненад Димитријевиќ, Петар Огњеновиќ, Ерсин Јакупи, Бојан Георгиевски, Оливер Димитриов, Виктор Ефремовски, Никола Кицев, Ранко Мамузиќ, Стефан Милески, Елвис Хот, Кристијан Перовски и Бојан Ѓорѓиевски.

Распоред на натпревари – Спортска сала „Парк“: 20.08. (18:45) Македонија – Норвешка

22.08. (18.45) Македонија – Словенија

23.08. (18.45) Македонија – Израел

24.08. (18.45) Македонија – Грузија

Comments are closed.