Среќен роденден Гоце Арнаудов!

Да беше меѓу живите, денеска струмичката фолк-легенда Гоце Арнаудов ќе навлезеше во својата седма деценија од животот. За жал, тој не напушти пред две ипол години и не е тука да го прослави својот роденден. Гоце Арнаудов е роден во Струмица на денешен ден 1954-та година. Тој уште како мал почнал да свири гитара и да пее во групата на својот татко. По завршувањето на средното училиште, гоце ја формирал групата „Крик“ со која, според зборовите на неговиот пријател, Миле Барбаровски, палеле и жареле низ цела Југославија.

Гоце позади себе има освоено повеќе од двесте песни, стотина фестивали и 60 први места. Од кои 22 награди му се само од фолк-фест Валандово. Пет пати е прогласуван за најпопуларна личност во Македонија, но не само поради неговата музика, но и поради хуманоста.

Нашата ѕвезда има правено повеќе хумани концерти. Почина од рак на 6-ти декември 2011 година во болницата во Франција каде што се лекуваше.

Comments are closed.