Неделен билтен на СВР Струмица: Две кражби и четири сообраќајки со потешки повреди

Користени тули и текстилна стока се украдени од дворно место и јавна установа изминатава недела, известува СВР Струмица. Причинетата парична штета е 28 илјади денари. Јавниот ред и мир е прекршен 13 пати од кои најмногу за физички пресметки, а се забележани и четири сообраќајни несреќи со потешки повреди во кои се повредени пет лица и е причинета материјална штета од 206 илјади денари.

Најчести причини за несреќите се наведени брзо возење и неправилно дејствие. Во акциските контроли констатирани се 39 прекршоци.

Comments are closed.