СВР Струмица: Без пријавени кривични дела за време на Струмица опен фестивал

Викендот на  подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица се одржа Mанифестација  “ Струмица Опен Фестивал“.

СВР  Струмица согласно своите надлежности превзема мерки и активности за обезбедување на  Манифестацијата која манифестација  помина без пријавени кривични дела и со мал број на нарушувања на јавниот ред и мир  од помал обем .

Од страна на полициските службеници на СВР Струмица сообраќајот беше регулиран и пренасочуван без никаков застој и проблеми во одвивањето на истиот.

Comments are closed.