Се пееше и играше до сабајле на втората вечер од Струмица опен фестивал

Сабајлево во раните утрински часови заврши втората фестивалска вечер на големата сцена на плоштадот „Гоце Делчев“. Забавата која траеше повеќе од седум часа започна со македонската легенда и „сопственик“ на евергринот „Кажи нешто драга“. Продолжи со Бени Нон стоп кои продолжија со нивна музика и стари македонски и српски песни. Како втор блок од вечерта беа српските легенди „Амадеус бенд“ и „С.А.Р.С“, добро познати на струмичани кои со своите хитови ги кренаа струмичани на нозе. Амадеус покрај своите хитови изведоа и доста македонски народни песни.

„Ова ми е прв пат да дојдам во Македонија. Знаев дека имавме многу фанови овде, но не знаев дека бројката е волку голема“, изјавија од С.А.Р.С.

Како краен дел од вечерта беа Грчкиот диџеј Дино МФУ и The Sound Messengers.

Comments are closed.