Вечерва на Струмица опен фест легендарниот Чолиќ

Вечерва на големата бина на градскиот плоштад официјално ќе се затвори годинешниот „Струмица опен“ фестивал. Вечерва забавата ќе започне со струмичката хип хоп група „Дивизија“, по што ќе продолжи со Александра Јанева, струмичката гордост. По настапот на Јанева, ќе не забавува гевгеличанецот Коста Хаџикојчев, дечкото кој нон-стоп изненадува со своите преубави обработки на светски хитови. Шлагот на вечерта ќе бидат бугарската атракција Дивајн, бендот составен само од девојки со интересен вкус за облека и музика, за на крај вечерта да ја затвори неповторливиот Здравко Чолиќ.

Comments are closed.