Вечерва на Струмица опен фестивал С.А.Р.С, Амадеус бенд, The sound messengers и …

Вечерва на струмичкиот плоштад „Гоце Делчев“ продолжува тродневната главна фестивалска журка, шлагот на тортата на Струмица Опен 2014. Забавата ќе ја започне легендата на македонските евергрини, Драган Михајловски, па миленикот на публиката Бени Нон стоп. Потоа ќе не забавуваат С.А.Р.С, српскиот состав кој со својата комбинација на алтернативен рок, реге, блуз, џез и хип хоп ги крева плоштадите и салите низ цела поранешна Југославија. Забавата ќе продолжи со Амадеус бенд, милениците на струмичката публика кои не забавуваа и минатата година, но и преку годината во нашите клубови. Забавата ќе ја завршат македонскиот бенд The sound messengers и грчкиот диџеј Дино МФУ.

Comments are closed.