Скопска пивара својот 90-ти роденден го посвети за донација на струмичкото музичко училиште „Боро Џони“

„Годинава Скопско слави 90 години од постоење, а решивме да ја обележаме со една од најголемите вредности на секој народ, музиката, па така годинава Скопска пивара ќе потпомага да се образуваат младите музичари во подобри услови. Од Струмица има излезено многу млади таленти кои ќе постигнат врвни достигнувања и од самиот почеток се дел од струмичкиот фестивал“, изјавија од Скопска пивара и додадоа дека донацијата ќе биде во музички инструменти на струмичкото музичко училиште „Боро Џони“.

Директорката на музичкото училиште „Боро Џони“ изјави благодарност до Скопска пивара и додаде дека струмичкото училиште има „произведено“ многу врвни македонски звучни музички имиња и сега со новите инструменти ќе се потрудат бројот на успешни музички имиња што ќе излегуваат од Струмица да се зголеми.

Comments are closed.