Започна гранд финалето на Струмица опен, цела Струмица на нозе

Синоќа започна кулминацијата на Струмица Опен на главната сцена на плоштадот Гоце Делчев. Имаше журка за сите, и музика за сечие уше. Се забавуваа од младо до старо.

Првата голема вечер на Струмица Опен беше отворена со „Млади струмички таленти“ кои трета година под ред ја отвараат главната сцена на фестивалот. Младите струмички таленти годинава настапија со повеќе рок класици како и песната „Лагала нас мала“ од Тоше Проески и Тони Цетински.

Потоа забавата продолжи со Тајзи кој со своите песни ја запали помладата публика. Кон крајот на настапот Тајзи изјави дека овој му е најголемиот и најубав концерт до сега и рече дека ќе го памти засекогаш.

По Тајзи, следеше забава за постарата генерација со шмекерот и Југославенскиот „министер за рок`н`рол“ Бајага и Инструктори. Бајага ги испеја своите најголеми хитови меѓу кои и легендарната песна „Тамара“. Првата вечер ја затвори неверојатниот Кирил Џајковски кој со својот „оркестар“ приреди неверојатна журка до раните утрински часови.

Comments are closed.