Заев: „Заборавете на секојдневието барем за момент, дојдете во Струмица да се забавувате”

„Годинава Струмица Опен ги задоволи вкусовите на сите. Имаше вечери на филмот, поезијата, џезот како и концерти во околината на Струмица, но вечерва е кулминација на целиот фестивал. Јас сум среќен што пред се плоштадот е полн и сите уживаат во деветата вечер на фестивалот“, изјави струмичкиот градоначалник Зоран Заев и додаде дека фестивалот е прекрасна можност сите струмичани да заборават на секојдневните проблеми и да се опуштат во музиката на големите музички имиња кои настапуваат.

Градоначалникот рече дека од овој фестивал буџетот на општината не се полни туку се подобрува угостителството, а и се полни буџетот на хотелиерите, малите бизниси и дуќанчињата. Се очекува да има повеќе од двесте илјади гости и ги покани сите граѓани на Македонија да заборават на секојдневието, да ја посетат Струмица и да се забавуваат во преубавата музичка програма спремна за сечиј вкус.

Comments are closed.