Заев ги покани струмичани на отворањето на скулптурата на Гоце Арнаудов

Градоначалникот на Струмица, Зоран Заев денеска ги покани сите струмичани и љубители на музиката на Гоце Арнаудов да присуствуваат на свеченото отворање на споменикот кој неслучајно ќе се претстави во понеделник во 20:00 часот, ден пред роденденот на струмичката легенда.

„Големите луѓе никогаш не умираат. Нивната бесмртност останува за век и векови а обврската за зачувување на нивната бесмртност е да ја зачуваме сите ние кои ја живееме денешната сегашност. Гоце Арнаудов претставува симбол на македонската песна“, изјави Заев и додаде дека општината својата благодарност до големата струмичка ѕвезда ја изразува преку подигање на споменик во негова чест наспроти неговиот дом, поточно во малиот парк.

Споменикот е дело на уметникот Митко Тошев и вредноста на целиот проект е еден милион и 700 илјади денари заедно со уредувањето на паркот. Откривањето на споменикот ќе е во понеделник, а на свечената церемонија се поканети сите струмичани и љубители на музиката на Арнаудов.

Comments are closed.