Струмичани синоќа уживаа во џез концерт и учествуваа на аукција од ликовната колонија

Финишира третото издание на најголемата културно – забавна манифестација „Струмица опен фестивал 2014“.

Организаторите и синоќа им приредија уште една незаборавна вечер на струмичани на неколку локации во градот. Во малиот градски парк се одржа аукција на делата создадени на ликовната колонија која работеше во рамките на фестивалот. Се продадоа сите 14 понудени дела, пет од нив купи градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев.

Собраните средства се наменети за хуманитарни цели. Во амфитеатарот беше промовирана најновата книга „Уа и Ура“ на Ѓорги Калајџиев, а веднаш по промоцијата се одржа џез концерт.

Comments are closed.